„Работиме на решенија, не на избори“ – Меџити: Владата има мнозинство и треба да се фокусира на програмата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, вели дека во моментов нема причина за предвремени парламентарни избори. Тој ја обвини ДУИ дека постојано ја одржува оваа тема за да не го изгуби електоратот, додека рече дека Владата има апсолутно мнозинство во Собранието и дека процесите не се блокирани.

“Сметам дека ДУИ, за да не ѝ избега електоратот, постојано ја одржуваше оваа тема. По три месеци, по шест месеци, поминаа, се знае. Опозицијата во целина нема што да понуди, односно има барање за предвремени избори. Владата е фокусирана на програмата, на ветувањата, на одлуките за лекарите, на средствата, на инвестициите во болниците, инвестициите во образованието, она што сме го презеле да го реализираме. Односно, парламентот има доволно бројки, апсолутно мнозинство и нема никаква причина да се експериментира и да се оди на избори, сè додека нема блокирање на процесите, блокирање на работата, блокирање на набавките, вработувањата, одлуките. Односно, тоа не е во интерес на граѓаните. Тоа е дополнителен трошок за граѓаните. Тоа не значи дека ВЛЕН, кој е фаворит кај Албанците, главната партија кај Албанците според последните анкети, бега од избори. Но, сметам дека во моментов работиме на решенија, не на избори“, изјави Меџити.