На ден 07.04.2026 година околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на гробиштата Бутел од страна на лицата Ј.М. (26), Б.М.(27) и уште неколку лица, кои од претходно се познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ биле нападнати лицата Е.Д (51) и М.Д. (54), вработени во АД „Бутел“, при што истите биле повредени со употреба на оружје – гасен пиштол како и ладно оружје (боксирач , нож) и се здобиле со телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
