Работниците од култура без здравствено осигурување – „Проблемот е надминат, дел од платите се пуштени денеска“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Среде епидемија со Ковид-19 кога цел свет се подготвува и за сезонскиот грип, работниците од култура останаа и без здравствено осигурување. Не примиле плата бидејќи директорите не го доставиле планот за систематизација.

Надлежните од Култура денеска ги смируваа работниците, ветија дека платите ќе почнат да се пуштаат од денеска и со тоа ќе се реактивира здравственото осигурување. Ако работниците платиле здравствени услуги, тоа ќе можат да го компензираат подоцна во ФЗО

Платите ќе се пуштат во повеќе од половина од институциите од Културата, бидејќи само толку имаат изготвено план за систематизација според колективниот договор. Судбината на овие институции нема да ја имаат и работниците од 12 други институции кои се уште не го доставиле планот за систематизација. Министерството за култура не ги соопштува имињата на институциите но додава дека доколку го достават планот овие денови, процедурата може да заврши за две недели или побрзо.

ТВ21 претходно извести дека работниците од Култура веќе 3 недели не зеле плата, а почнувајќи од вчера немаат ни здравствено осигурување бидејќи директорите не доставиле на време план за систематизација со кој се одредуваат платите само со колективниот договор, а во меѓувреме другите договори се укинуваат. Според податоците од синдикатот, се вели дека без плата се околу 3 илјади работници од Културата.