Работниците во шок – додека ја чистеле канализацијата пронашле џиновски стаорец (видео)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Можно ли е Трамп да остане без пензија и сите поволности што треба да ги има како поранешен претседател?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции далеку...

Во последниот квартал од 2020 поумерени негативните ефекти од ковид-кризата и поповолни движењата во економијата

Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот...

202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Општинските работници во Мексико биле шокирани откако забележале џиновски стаорец меѓу тоните ѓубре што биле исфрлени од канализацијата.

Поради обилните врнежи од дожд во Мексико минатата недела имало преоптоварување на отпадните води и дури 22 тони разновидно ѓубре било исфрлено на површината, вклучително и огромен „глодар“, пренесува Њујорк пост.

По првичниот шок на работниците, било утврдено дека станува збор за реквизит од „Ноќта на вештерките“ за кој се верува дека завршил во канализацијата по невремето и таму останал неоткриен со години.

Приказната од Мексико стана вирална на интернет, а во меѓувреме се јавила жена по име Евелин Лопез која изјавила дека таа го направила стаорецот за Ноќта на вештерките.

Таа рекла дека „исчезнал“ пред неколку години за време на силно невреме и никој не можел да и помогне да го пронајде.

„Стаорецот“ сега е на сигурно, иако неговата сопственичка вели дека не знае што ќе направи со него.