Рахој: Партиите се договорија – Шпанија ќе остане цела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека главните политички партии во Шпанија постигнале принципиелен договор за заштита на целоста на Шпанија по зголемените барања за независност на Каталонија.

Согласноста е постигната по серијата разговори на Рахој со лидерите на политичките партии во Шпанија.

– Сите сме согласни, мнозинството од партите се согласни за единството на Шпанија, за националниот суверентитет, за еднакви права и обврски на Шпанците и за почитување на законите, посочи Рахој.

Лидерот на радикалната левица Подемос (Ние можеме) Пабло Инглесиас на средбата со Рахој наведе дека не се согласува со сојузи против силите кои сакаат отцепување од Шпанија.

– Единствени сојузи кои и требаат на Шпанија се тие против корупцијата и нерамноправноста, истакна Инглесисас, кој е поборник на идејата дека Шпанија е земја на многу нации.

Рахој претходно имаше средба со лидерот на ултрадесничарската партија Сиудаданос (Граѓани) Албер Ривера, на кого му предложи национален пакт против сепаратизмот во Каталонија.