Машката ракометна репрезентација на Македонија, со денешната победа над Чешка од 26-24, се пласираше на Светското првенство кое ќе се одржи идната година во Шведска и во Полска.
Македонија вечерва во СЦ „А1 Борис Трајковски“, ја совлада селекцијата на Чешка во драматична завршница. Во текот на целиот меч беше „тесно“ и не повеќе од 2-3 разлика, за на крајот со голот на Кузмановски од пенал да се запечати победата.
По првиот меч во Злин, беше нерешено 24-24.
Токму Филип Кузмановски беше најефикасен на средбата со девет постигнати голови.
Ова беше последен натпревар во репрезентативниот дрес за Филип Миркуловски, кој се зборуваше од дресот со државниот грб, а за еден месец ќе ја заврши и кариерата како играч.
ФОТО: ЕКИПА
