Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека првиот случај на инфекција со коронавирус е регистриран во Хрватска.
Лицето кое е заразено со коронавирус е млад човек кој престојувал во Милано од 19 до 21 февруари. Тој бил хоспитализиран во Загреб со поблаги симптоми
Се уште се очекуваат наоди на девет италијански работници кои се сместени во болница во Риека.
Министерот за здравство рече дека Хрватска влегува во повисока фаза на подготвеност, ќе ја интензивира контролата врз сите оние кои доаѓаат во Хрватска од областите каде има случаи на инфекција
Седум лица починаа од коронавирус во Италија и повеќе од 200 се заразени досега.
Првите два случаи на инфекција беа пријавени и во Австрија.
