Рама го слави 62.роденден, објави фото со фламинго и порача: Благодарам за честитките и пцостите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го прославува својот 62. роденден. По тој повод, преку објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите што му испратиле честитки, посочувајќи дека не е во можност да им одговори поединечно.

„Ви благодарам за безбројните честитки за мојот роденден. Невозможно е да одговорам на секоја поединечно, затоа ви ја упатувам мојата благодарност овде, заедно со извинување што не можев да ви одговорам и телефонски“, напиша Рама.

Во истата објава, албанскиот премиер се осврна и на негативните коментари што редовно ги добива на социјалните мрежи.

„Благодарам и за навредите што сигурно нема да изостанат подолу, бидејќи најверните хејтери се најдобар доказ дека не живеете залудно“, порача тој.

Рама објави и фотографија генерирана со помош на вештачка интелигенција, на која е прикажан заедно со фламинго – симбол што се поврзува со протестите кои во Албанија траат повеќе од еден месец.