Иво Ранѓеловиќ денеска во студиото на ТВ21 порача дека кога се носи одлука за цензус, мора тоа да има некаква поука, причина и цел.
„За жал јас не гледам никаква ниту политичка, ниту суштинска цел во тој цензус, едноставмно само се доведува во ризик избирањето на таа институција претседател, и сметам дека, особено во контекст на тоа каква кореографија има државата во смисла на етникуми и сето тоа, е дополнителна причина да се создава тензија и да се ставаат стварите на тест“, вели Ранѓеловиќ.
Тој вели дека тој тивок бојкот, за жал постои една многу важна општествена, не толку политичка порака.
„Тоа е дека во Македонија се уште одредени луѓе се марионети на политичките партии, едноставно и тој бојкот, и да бојкотирате и да не бојкотирате, би требало тоа да е по сопствено убедување а не дека тоа политички одговара на некого во целата таа шема“, вели Ранѓеловиќ.