Рашковски поднесе неотповиклива оставка од секретар за мониторинг и поддршка на Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Драги Рашковски утрово испрати писмо до претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев со што како што пишува поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, пишува Рашковски на Фејсбук.