Распределени предметите на Рускоска – Лиле Стефанова ќе го истражува Арафат Муареми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Екс директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми ќе го истражува обвинителката Лиле Стефанова, а обвинителката Катерина Коларевиќ ќе го преземе случајот за станицата за технички преглед Виа комерц, каде последен пат бил проверен автобусот на Беса Транс кој се запали во Бугарија. Вака одлучи новиот претседател на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов.

-Постапувањето по овие предмети ќе продолжи непречено и јавните обвинители на кои сега им се доверени ќе ги преземат сите дејствија во согласност со Законот за кривична постапка за да ги проверат наводите во поднесените кривични пријави, велат од Основното јавно обвинителство.

Двата предмета се во предистражна постапка а Рускоска поради суспензијата, не успеа да ги формулира во обвинение. Во предметот за станицата за технички преглед, Рускоска планирала да почне со преслушување сведоци, а за Финансиска полиција веќе преслушала двајца сведоци. Рускоска пред неколку недели рече дека се сомнева дека некој од колегите ќе може да работи на овие предмети.

Рускоска била прашана дали и верува на нејзината колешка Лиле Стефанова за таа да го води предметот за можни злоупотреби во Финансиската полиција?

Во предметот за станицата за технички преглед, се истражува зошто МВР и министерот Спасовски со месеци ја чувале во фиока одлуката за привремена забрана за работа на Виа комерц. Обвинителката Коларевиќ го гони и екс генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири.