Распродадено: Нема повеќе билети за Македонија – Косово, ако се игра со публика, „Арената“ ќе биде полна

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Доколку се игра со присуство на навивачи, дуелот помеѓу Македонија и Косово ќе се игра пред полни трибини. Ова доаѓа како резултат на фактот што денеска е објавено дека сите билети се веќе распродадени за мечот.

Иако постои опасност дуелот да се игра без публика, поради коронавирусот, сепак, доколку биде одлучено да има присуство на навивачи, тогаш се очекува повеќе од 30.000 гледачи.

Денеска министерот за здравство Венко Филипче истакна дека негово мислење е дека тој натпревар треба да се игра без присуство на навивачи.

Вчера претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини најави дека доколку биде одлучено да се игра без навивачи, парите на сите оние кои купиле билет, ќе им бидат вратени.

Дуелот Македонија – Косово е закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“.