Раст за 4,1 % на Биткоинот во последните 24 часа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од утринава со напопуларната криптовалута „Биткоин“ се тргува по цена од 33.889 долари, што е зголемување на вредноста за 4,1 процент во изминатите 24 часа, односно за 8,2 % во последната недела, покажуваат податоците од веб-страницата „Коингеко“.

Етереумот, втората најпозната криптовалута во светот, порасна за 3,2 проценти во последните 24 часа се тргува по цена од 2.142 долари, односно раст за 14,5 проценти во последната недела.

И останатите криптовалути во последните 24 часа забележаа зголемување.