Во Општата болница во Велес денеска се хоспитализирани 78 пациенти, од кои 13 сомнителни и 65 потврдени позитивни.
Како што информира портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова, на Инфективното одделение се сместени 54, колку што има и проширениот капацитет на оваа одделение. На Одделението за физикална медицина се хоспитализирани 17, а капацитетот е 25 легла, и седум пациенти се сместени во Б кракот на Интерното одделение кое имс 15 легла.
Од хоспитализираните на трите одделенија во велешката општа болница, 22 се на кислородна поддршка.
Во Инфективното одделение после полноќ починал пациент од Свети Николе на 62 – годишна возраст примен на 9 ноември со ниска сатурација на кислород, на кого првиот тест за Ковид му бил негативен, а вториот тест кој стигнал изутрината бил позитивен.
Како што информира д-р Неделковска Николова, еден пациент од Инфективното одделение бил пренесен на натамошно лекување во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје, а
