Членот на нарко-картелот „Барон“, Акиф Равманоски преку социјалните мрежи изрази благодарност до претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
Тој пишува дека е горд што токму таа ја претставува Македонија.

„Почитувана… бескрајна благодарност до вас! Се гордеам што токму вие сте нашата Прва Дама на Републиката!“, напиша тој.
Оваа објава следува по вчерашните помилувањата од страна на претседателката Сиљановска Давкова, за кои ТВ21 известуваше:
- Претседателката Давкова го помилуваше екс градоначалникот на Битола Владимир Талески
- Давкова го помилуваше и Шенол, братот на Шенки Маслани, фанатикот на брендот „Версаче“
- Давкова помилува и член на наркокланот „Барон“ и првообвинет во аферата „Шпион“
