“Разговаравме и за избори на 8-ми јули, а претходните два дена да гласаат лицата во изолација и позитивни на коронавирус”, рече Заев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во „КликПлус“ на ТВ21, рече дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, разговарале и за избори на 8. јули, три дена подоцна од предвиденото, а два дена претходно да гласаат оние кои се во изолација и позитивни на коронавирус.

„Разговаравме и за 8. јули. Јас сум подготвен да се одржат и три дена подоцна од предвиденото, односно оној датум на 5. јули. Би прифатиле и 8. јули за доброто на државата“, рече Заев.