Разликите меѓу албанските лидери за отворен Балкан-Села е против, Ахмети вели дека е корисен договор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како албанските лидери во земјава гледаат на иницијативата Отворен Балкан без Косово во неа? За лидерот на АА, Зијадин Села, Отворен Балкан е иницијатива која го остава настрана Косово и индиректно го заобиколува и признавањето на Република Косово од страна на Србија.


„Имајте предвид еден факт, екс германската канцеларка, Ангела Меркел секој пат кога ќе се отвореа преговори на Србија со Е У даваше јасно до знаење дека крајот на овој процес е признавањето на независноста на Косово. Секоја иницијатива која го нема во себе Косово е само тенденција на Србија и Вучиќ за заобиколување, да се одложи признавањето на независноста на Косово.
За лидерот на Интегративците, Али Ахмети, од Отворен Балкан најмногу ќе придобијат граѓаните на Балканот, а според него оваа иницијатива е олеснување на патот кон членството во ЕУ“, рече Зијадин Села од АА.


„Актуелно ова е доброволна иницијатива, претставувана од три држави, Албанија, Македонија и Србија, со право да се придружат и други. Со многу прагматични теми, олеснувања на границите, трговијата и за стоките чиј рок истекува, значи, тоа се корисни договори за луѓето и ненаметната туку доброволна иницијатива.
Лидерот на Беса, Биљал Касами смета дека иницијативата е за втемелување регионална соработка, но бара рамноправно учество на шесте држави од Западен Балкан, вели лидерот на ДУИ“, Али Ахмети.

„Сме и ќе бидеме за втемелување на регионална соработка, но мислиме дека секоја иницијатива треба да служи за забрзување на патот н а Северна Македонија и другите држави од Балканот кон Европа, или појасно речено, Движење Беса е ЗА иницијативи кои гарантираат рамноправно учество за шесте држави од Западен Балкан,“ вели лидерот на БЕСА Биљал Касами.


Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши вели дека Отворен Балкан треба да се гледа како можност Косово да седне н а маса со Србија и да биде де факто признавање кое ќе води до признавање де јуре на Косово од страна на Србија.

„Всушност, според мене, вистинското прашање е зошто Косово и Албанија не се на една маса и не се заедно во оваа иницијатива а не што мислат лидерите Албанци од Северна Македонија. Како и да е, јас посакувам и упатувам апел да се анализираат иницијативите од повеќе димен зии за на крај да може да ги почитуваме одлуките на суверените држави, кои и да се тие, а мојата желба и ангажман е во правец на тоа целиот регион што поскоро да биде интегрален дел од ЕУ бидејќи поинаку ниедна добронамерна иницијатива не би била функционална“, рече Гаши.


Сите политички лидери се на едно мислење дека ни оваа ни било каква друга иницијатива не треба да бие замена за интегративниот процес на регионот во ЕУ. Регионалната иницијатива за соработка, Отворен Балкан во која се вклучени Србија, Албанија и Северна Македонија предвидува слободно движење на капиталот, стоките, услугите и луѓето меѓу овие три држави.