Реагираа од коалицијата АА-ААА за идејата на ДУИ за „Зелена агенда“. Идејата ја нарекуваат следното лицемерие на ДУИ.
Во нивната реакција се вели дека ДУИ денеска се откажа од статусот на ОНА, од еднаквоста на Албанците, од правдата, од Премиер Албанец и од се што ветиле, а наместо да се повлече, ДУИ се маскира како зелена европска партија.
„Рамиз Мерко секој ден сече дрвја, узурпира зелена површина, а Али Ахмети зборува за животната средина. Денеска Тетово нема вода за пиење, има загаден воздух, а Ахмети зборува за квалитет на живеење. Денеска Чаир има урбанистички хаос, без водовод и канализација, а Ахмети зборува за екологија. Денеска општина Липково живее до браната, но без вода, а Ахмети зборува за вода и зеленило“, истакна Флакрон Беџети.
