Сторијата на ТВ21 за случајот со силуваното 11 годишно девојче предизвика реакции и ги размрда надлежните институции.
Некои вината ја префрлаат на родителите, а некои ја обвинуваат полицијата бидејќи осомничениот е се уште на слобода.
“Нормално дека ќе се случуваат, децата се без контрола, сите на мобилен. Од 3 годишна возраст на ајфон, а мајката 24 часа на Фејсбук и Тик-ток. Внимавајте, внимавајте луѓе со децата и социјалните мрежи, светот е без контрола“.
“Во овој случај виновни се родителите. 11 годишното дете треба да има надзор, особено сега, низ социјалните мрежи, со кого имаат контакт“.
Има и такви кои ги анализирале сите делови од сторијата.
“Силувано е малолетно девојче, девојчето кога ќе порасне ќе има трауми од силувањето и огорченост. Ја силувал братучед, открила мајката, полицијата манипулира со случајот и зема исказ без присуство на мајката и го прогласува силувачот за невин. На девојчето му се закануваат дека татко и ќе го испратат во затвор. Има закани и до ТВ21 од силувачот кој се шета на слобода. Дали е ова држава? Дали вака функционира кумановската полиција?“
“Овде има многу теми, за кои ние како општество треба еднаш засекогаш да преземеме нешто, но најлошо е тоа што правдата не функционира, особено во вакви случаи“.
Реагираа од Хелсиншкиот комитет. На девојчето му понудија психолошка помош и во соработка со МВР ќе ја следат нејзината здравствена состојба.
Инаку дополнителната министерка за внатрешни работи го осуди чинот и извести дека започната е истрага за полициските службеници.
„Монструозно од страна на вршителите и тие кои ги поддржале и го сокриле тоа. Ова го доставив до Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди во правец на разгледување на изјавите на девојчето и нејзиното семејство. Очекувам реакција и расчистување на случајот, одговорност и казна за ова. Не можат да дозволат болни умови кои уништуваат млад живот, да поминат неказнето“, вели Славјанка Петровска.
Останатите институции молчат, а заканите до девојчето продолжуваат и по сторијата на ТВ21.
