Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму го блокира Собранието и во текот на дебатата за Законот за финансиска стабилност. Координаторот на парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се пожали на техничките услови во Собранието.
Што се однесува до Законот за финансиска стабилност, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошовски рече дека предвидувањата за крајот на годината се уште позагрижувачки затоа народот на избори треба да избере сериозен тим со добри познавања за финансиите и енергетиката.
Од ВМРО-ДПМНЕ се жалеа дека ова законско решение е доставено до Собрание со забрзана постапка и тајно, но пратеникот на СДСМ, Диме Велковски рече дека е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за законот бидејќи се што побарале, вклучително и нивните амандмани, е прифатено.
Веќе 2 недели Собранието е под активна блокада на ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат предвремени парламентарни избори.
