„Речено-сторено“, официјализирано името „Имри Елези“, сите функционери на ДУИ присутни на поставувањето на таблата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 10 часот ги пуштија учениците од училиште. Сакаа да учествуваат на манифестацијата, но беа испратени дома, додека некои од нив остана во дворот.

Пред училиштето стоеше и братот на Имри, Елез Елези и директорката на школото, Мерита Коџаџику. Двајцата се погрижија за пречекот на гостите, но најтопло ги поздравија гостите од ДУИ.

Таблата ја претставија сите заедно а потоа започна манифестацијата.

Во првиот ред седнаа Талат Џафери, Бујар Османи, Арбр Адеми, Висар Ганиу, Атан Груби, Арменд Арслани, Ардијан Муча, Шаип Зендели. Некои од нив одржаа говори кои траеја 40 минути, а за паднатиот борец Имри се читаше биографија во траење од само 1 минута.

Но дали ДУИ ја партизираше оваа манифестација за менувањето на имињата. Ова прашање изгледа силно го иритираше братот на Имри, Елез.

„Зошто се мешате таму? На оваа манифестација не и е местото таму. Оваа иницијатива е подолга, не датира од денес. Но сега и дојде редот, ме разбирате? Јас бев член на Советот и инсистиравме постојано разбирате? До сега беа други околностите. Јас ви реков дека им благодарам на сите кои придонесоа и не се поврзува ова со политиката. Имри е на народот, не на партијата.“, рече Елез Елези.

ТВ21: Зошто немаше функционери од други партии?

-Имаше други, имаше, не ги поврзувајте така работите, бидејќи имаше“.

И министерот за образование Арбр Адеми упати повик против партизирање.

„Никогаш ваквите прашања не треба да се политизираат и партизираат“, рече Адеми.

Настанот одеше директно на официјалната страна на ДУИ, поради што му беше даден печатот “Речено сторено“.