Речиси една година од првиот полициски час, Владата ќе одлучува за повторно воведување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред една година, на 21-ви март во земјава беше воведен за прв пат полициски час, поради опасноста од ширење на коронавирусот. Тогаш, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека „оваа ригорозна мерка се воведува за максимална заштита на населението од коронавирусот“.

Денеска, Комисијата за заразни болести повторно бара полициски час, во временски период од 22 до 05 часот наутро. Министерот за здравство, го објасни предлогот:

„Евидентно беше во последните неколку недели зголемување на случаите. Ударот не е таков каков што беше на почетокот на ноември, но без разлика, сакаме да бидеме подготвени“, рече Филипче и додаде:

„Се покажа дека има собири после 22 часот, угостителски објекти кои не почитуваат мерки, собири на јавни места и затоа е оваа мерка.“, рече Филипче кој додаде дека оваа мерка ќе трае две недели, вклучувајќи ги и викендите.

Полицискиот час нема да се однесува и на лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, на лицата во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа.

Ако поради итноста на здравстената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравстевната инстуиција преку приложување на медициснката документација по завршување на медицинскиот преглед.