Реџепи и Заев: Беса е дел од Владата – Хоџа: Како можеш да бидеш во Влада кога потпишуваш за нејзино уривање?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кастриот Реџепи, потпретседателот на Движење Беса, во емисијата Клик Плус изјави дека Беса се уште е дел од Владата. Оставката на министерот Арјанит Хоџа и двајцата зм.министри, според Реџепи не значат дека Беса не е дел од парламентарното мнозинство.

„Движење Беса е во Влада. Доколку сакаат и се одлучни да не бидат во Влада, доколку партиските органи одлучат, тогаш и јас тоа ќе го почитувам. Но, ајде да дебатираме, да ги видиме аргументите зошто не треба да бидеме дел од влада“, истакна Кастриот Реџепи.

И премиерот Зоран Заев, за Слободен Печат тврди дека Беса официјално е дел од Владата.

„Нормално дека Беса е дел од Владата. Собранието се уште ги констатираше оставките на министерот Арјанит Хоџа и на другите раководите од Беса. Затоа логично е да се каже дека се дел од Влада“, вели Зоран Заев.

Сепак Арјанит Хоџа за ТВ21 изјави дека како е можно да бидат дел од Владата, кога пратеници на Беса преземаа чекор за уривање на Владата. Го повика Премиерот итно да ги депонира нивните оставки и Собранието да ги утврди што е можно поскоро.

„Двајца пратеници беа на седницата за интерпелација на Владата. Јас и двајца зм.министри ги депониравме оставките. Премиерот треба да ги депонира во Собрание и да видиме точно дали сме или не дел од Владата“, посочи Арјанит Хоџа.

Хоџа заедно со двајца зм.министри во петок ги депонираа оставките во Влада, сепак тие се уште не се доставени во Собрание. Од извршната власт велат дека се уште не е одлучено кога ќе ги достават бидејќи нема законски рок, но додаваат дека тоа ќе го направат наскоро.