Реџепи: СДСМ сака да сме дел од Владата, нашите гласови во Скопје вредат повеќе од Беса

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, Зеид Реџепи кој е координатор на пратеничката група Алијанса за албанците и Алтернатива, рече дека имал состаноци со СДСМ.

„Сме биле коалициони партнери во претходната Влада, но не сме дискутирале за можен влез на Алтернатива во Владата“, рече Реџепи во „Click Plus“ на ТВ21.

Тој вели дека ги слушнал шпекулациите дека СДСМ сака тие да бидат партнери во овој владин состав, а Реџепи ја открива и причината поради тоа.

„Знаат колку вредат нашите гласови во Скопје за локалните избори. Ни имаме 20.000 гласови, Беса имаат нула во Скопје, односно немаат доволно гласови. На СДСМ им требаат нашите гласови“, додаде Реџепи во „Click Plus“ на ТВ21.

Реџепи во дебатниот магазин рече дека дел од пратениците на Беса кои сега се во коалиција, ќе останат во СДСМ, иако според него Беса би била отстранета од Владата.

„Нашиот став како коалиција е јасен: Или заедно Алијанса-Алтернатива во Владата или надвор од неа“, беше дециден Реџепи.