Реџепи: ВМРО-ДПМНЕ доби избори на наш грб – „Изгубивме 27.000 гласови поради коалицијата со нив“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скендер Реџепи во вчерашниот магазин Клик плус на ТВ21 рече дека ВМРО-ДПМНЕ овие локални избори ги добило на нивен грб. Тој притоа додаде и дека поради коалицијата со нив Алтернатива изгубила 27 илјади гласови.

„ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори победи благодарение на коалицијата со нас, бидејќи излезе како ВМРО која пред Македонците не е националистичка и дека не е против Албанците,  Македонците наводно се „согласија“ и самата ВМРО беше изненадена од поддршката која им ја дадоа Македонците. Додека, ние како коалиција, изгубивме од оваа коалиција, односно договор“, истакна Скендер Реџепи.

Ги прашавме од ВМРО-ДПМНЕ за коментар на ваквата изјава на Реџепи, но оттаму го избегнаа конкретниот одговор.

„Главниот мотив за гласањето во четврток пред секој пратеник во македонскиот парламент е одлуката дали смета дека Македонија треба да продолжи со криминал и корупција или треба заеднички да се избориме за решавање на проблемите во Република Македонија“, посочи Наум Стоилковски.

Ставот на Реџепи за формирање ново парламентарно мнозинство и уривање на Владата се смени откако увиде дека во тоа мнозинство е и Левица на чело со претседателот Апасиев.