Брисел објави забрана за автомобили на дизел и на бензин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регионалната влада на Брисел објавила денеска забрана за продажба и возење на дизел автомобил во регионот од 2030 година, и автомобили на бензин од 2035 година, во настојување да го исполни планот на Европската унија околу јаглеродна неутралност до 2050 година.

Забраната ќе се однесува и на возила со погон на компромитиран природен газ, течен природен гас и на хибридни возила од 2035 година, јавува Ројтерс.

Скутерите на дизел истотака ќе бидат забранети од 2025 година, а бензиските скутери од 2028 година, додека мотоцклите на тие горива ќе бидат дозволени до 2035 година.

Патниот сообраќај во Брисел е одговорен за 30% од вкупните емисии на јаглерод-диоксид, и констатно е на тоа ниво од 1990 година.

Планот е наречен „мобилност со ниски емисии во Брисел“.