Регистрирани неколку земјотреси во Грција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска се регистрирани неколку земјотреси во близина на Лариса во Грција. 

Станува збор за земјотреси со јачина од 2.6, 2.9, и 3 степени.

За потсетување, во текот на минатата недела во овој регион имаше силни земјотреси, при што 11 лица беа повредени, а причинета беше и материјална штета.

Денеска регистрирани се земјотреси и во Хрватска близу Петриња, како и во Албанија близу Елбасан.