Рехабилитација на патот од Струга до Ќафасан, експресен пат од Битола до Меџитлија, најавува Бочварски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Наскоро ќе имаме отворање на постапка преку ЈПДП за рехабилитација на патниот правец Струга – Ќафасан, навистина е многу оштетен, но направени се проекти и тој ќе се рехабилитира. Секако и кон граничниот премин Меџитлија од Битола, тоа е исто така патен правец којшто во нареден период заедно со Струга-Ќафасан ќе бидат во програмите и ќе се рехабилитираат“, посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во „10 Минути“ на ТВ21.

Тој додаде дека на патниот правец Битола-Меџитлија ќе имаме експресна делница којашто ќе се работи во наредниот период.