7 милиони и 300 илјади денари чинеше реконструкцијата на железничката станица во Тетово. Оваа станица е изградена во 1952. Директорот на ЈП за железничка инфраструктура, Фестим Халили рече дека оваа станица е целосно реконструирана и од денеска е во функција.
„Проектот чинеше 7.3 милиони денари и во овој проект се опфатени цел конгломерат од градежни активности, целосна реконструкција на влезот на железничката станица, решен е голем проблем, решен е проблемот со атмосферската канализација бидејќи овде се собираше многу вода“, посочи Фестим Халили.
Еден од машиновозачите, Ќамил Ќаили кој е со 36 годишно работно искуство во Железници вели дека најголемиот проблем на машиновозачите е непочитувањето на сигнализацијата кај железничките надвозници, затоа, како што вели, не ретко се случуваат несреќи. Ќаили вели дека управува со воз за транспорт на стоки кој е во функција веќе 35 години.
„Имаме многу проблеми со граѓаните, особено кај тој дел таму,бидејќи не почитуваат сигнализација, кај преминот се пали сигнализацијата, а тие не застануваат“, додава Ќамил Ќаили.
ТВ21: Возот кој го управувате од која година е?
Ќамил Ќаили: Да, тука е, од ’85 е.
Низ Тетово возот поминува два пати на ден, еднаш наутро до Скопје и друга дестинација до Кичево.
Некои граѓани кои ги анкетираше ТВ21 изјавија дека последен пат патувале со воз во ’90-те, некои не патувале никогаш а некои не ни знаеле за железнички транспорт.
Анкета на граѓани:
„Последен пат одевме во Белград, во ’92, тоа беше последен пат. Не функционираат, одамна не функционираат од Скопје за Белград“.
„Не знам, никогаш не сум патувал“.
„Бев мал, не знаеме ни дали работи станицата“.
„Не знаеме дали работи“.
Македонија е прва земја во Европа која одлучи да купи возови од Кина за железнички сообраќај. Освен 6 возови на нафта и електричен мотор за патнички сообраќај, купени се и 4 електрични локомотиви кои се користат главно за одржување на железничкиот сообраќај за транспорт на стоки.
