Проектот за рехабилитација на улицата на бутиците во Тетово, со цел враќање на занаетчискиот идентитет, се очекува да чини 20 отсто повеќе од првично проценетата сума. Овој проект е добиен од Европската Унија преку Министерството за локална самоуправа од 2019 година, но тендерот за реализација на проектот се одржа 4 години подоцна, во 2023 година. Во меѓувреме, поради зголемувањето на цената на пазарот се очекува тим на Европската Унија да ја посети оваа област и да обезбеди повеќе средства од првично предвидените.
„Целосната процедура е направена или проектот е добиен во 2019 година, тендерот е направен во 2023 година. Во тоа време цените беа пониски а сега знаеме дека се поскапени цените и делегација од ЕУ имаше пречки и во општина Призрен.“, рече Бесар Дуримиши.
ТВ21 ја посети улицата на бутиците за да разговара со сопствениците на бизнисите. Тие велат подобро би било работите да не почнат токму на сезоната на продажбите.
„Нема да има сезона, тие треба да работат на мир. Како можат да се движат и пешаците и автомобилите?! Работникот треба на мира да работи, толку колку што му е дневницата, а не, не работи кај мене, оди кај другиот. Треба да се најде време кога нема да им се штети на тие кои плаќаат данок бидејќи ако им се оневозможува работата, од каде тие да платат.“
„Ако почнат, сезоната ќе пропадне. Тука сезоната почнува во шести или седми месец, погрешно е бидејќи работа нема. Тие ја чекаат сезоната и што ќе направат, тие ќе донесат одлука според нивниот план. Не знам што да кажам, Господ да не благослови.“
„Нормално дека не, ќе им смета на сите бизниси, треба да се најде време кога улицата е помалку фреквентна од купувачите.“
Договорот за рехабилитација на овој пат е потпишан на 3 ноември 2022 меѓу градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. Овој проект е добиен заедно со општина Призрен – Косово.
