Реконструкција на улицата на бутиците во Тетово, општината ќе започне на 15 август, граѓаните бараат да се направи после сезоната

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е улицата на бутиците во Тетово. За нејзина реконструкција општината во 2019 година доби средства преку проектот ИПА програмата. Пандемијата и кризата што следеше ја одложија реконструкцијата на овој пат долг 420 метри. Потоа беа дадени и други рокови, но и тие беа беа пролонгирани, како оној од 2022 година кога градоначалникот на Општината, Билал Касами потпиша со поранешниот министер за локална самоуправа Ристо Пенов. Сега Касами вели дека работите ќе почнат на 15 август.

-На улицата на бутиците работите требаше да почнат, но на барање на жителите од околината, поради претходните искуства дека работите не се изведувале навреме, побарале работите да почнат по заминувањето на печалбрите и договорот е да започне по 15 август и верувам во рекордно време пред почетокот на зимата да се завршат сите работи, изјави Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Во текот на денот, ТВ21 беше на улицата на бутиците, позната по продавниците во кои се продаваат фустани и традиционална облека за свадби и поради тоа има голема фреквенција во текот на летната сезона. Поделени се мислењата за тоа кога треба да почне реконструкцијата.

-Требаше да се почнат пред да дојдат печалбарите, не откако ќе дојдат, ако почнат сега ќе го уништат целиот ред. Иако не сум од оваа улица, сите заедно живееме овде, мислам дека 15 август не е вистинско време. Мислам дека 1 септември би било вистинско време, дека треба да се направи, да биде малку подобро, пред се луѓе кои имаат простории овде, плаќаат високи кирии и сите инвестирале сега да работат и добро би било, тоа не треба да почне на 15 август, но општината веројатно знае подобро, ја анализирала работата и врз основа на тоа ќе почне да работи, вели жител.

Видете, нема сезона, се што се работи е добро, подобро е да се направи што поскоро тоа отколку да се остави, нема сезона, добро е да се направи нешто.

Со планираниот проект се очекува да се зачува идентитетот и автентичноста на улицата на бутиците или Горна чаршија. Оваа улица во минатото била многу популарна и посетувана од граѓаните поради занаетчиите кои се наоѓале овде, додека денес овдешните бизниси немаат работа како порано.