Рекорден број новозаразени во Србија – 1.878, починати 11 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во изминатите 24 часа во Србија биле направени 10.962 тестирања на коронавирус, од кои 1.878 се позитивни, а починале 11 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Најмногу заразени има во Белград – 943, по што следат Нови Сад со 147, Крагуевац со 124 и Ниш со 53 новоинфицирани.

Во однос на бројот на тестирани лица, во Србија позитивни се нешто повеќе од 17 отсто.

На респираторни апарати се наоѓаат 49 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 51.083 случаи на коронавирус и 844 смртни случаи.

Тестирани се вкупно 1.363.619 лица.

Денеска се регистрирани најголем број на смртни случаи од последиците на Ковид-19, уште од 16 јули кога имаше 13 починати, но исто така и рекорден број новозаразени бидејќи на 31 октомври беа регистрирани 1.817 случаи.

Дневниот пораст на бројот на потврдени ковид пациенти укажува на тоа дека епидемиолошката состојба во Србија е сè уште нестабилна и дека може да се очекува зголемување на бројот на заразени, посочуваат лекарите.