Октомври донесе значително зголемување на исплатите за породилни надоместоци, кои достигнаа над 467 милиони денари и го надминаа досегашниот месечен износ во последните четири месеци. Вкупно, Фондот за здравствено осигурување во овој период исплатил повеќе од 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства.
Само во октомври 2026 година, за надоместоци на плата поради привремена спреченост за работа и породилно отсуство биле исплатени 621.383.663 денари.
Од вкупниот износ, 467.074.428 денари биле наменети за породилни надоместоци, додека 154.309.235 денари биле исплатени за боледувања.
Според податоците на Фондот, октомвриската исплата за породилни надоместоци е највисока во периодот од јули до октомври, со раст од над 25 проценти во споредба со септември.
На ниво на четири месеци, од јули до октомври, за овие две категории биле исплатени над 2,35 милијарди денари, од кои повеќе од 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци.
Од Фондот посочуваат дека приоритет останува редовното и навремено остварување на законските права на осигурениците, со одговорно управување со средствата и подобрување на ефикасноста во обработката на барањата.
Оттаму најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за одржување стабилна динамика на исплатите, со цел навременото исплаќање на надоместоците да стане редовна практика.
