Репрезентативец на Србија остана без бубрег по тешка повреда на Светското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Српскиот кошаркарски репрезентативец Бориша Симаниќ, остана без бубрег откако доби силен удар за време на натпреварот против Јужен Судан на Светското првенство. Иако по првичната информација беше соопштено дека неговото здравје не е во опасност, потоа настанале компликации по кои на кошаркарот му бил изваден еден бубрег.

Јасно е дека Симаниќ нема да игра до крајот на првенството, но после ова и неговата понатамошна кариера е доведена во прашање. Тој во моментов настапува за шпанскиот тим Сарагоса.

Симаниќ на 30 август на натпреварот со Јужен Судан во Манила, Филипини доби удар од еден противнички играч. Иако во прв момент не се чинеше ништо лошо, сепак, најпрво му беше направена една операција по која прогнозите беа оптимистички, но по компликации во болници му е направена и втора во која му е изваден бубрег.