Репрезентацијата слета во Порто – Елмаз: Португалија е индивидуално поквалитетна од Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација се подготвува за историскиот натпревар  против Португалија.

Фудбалерите слетаа во Порто, додека во вторник на стадионот Драгао ќе излезат на терен за победа, која за првпат ќе не одведе на Светското  првенство кое годинава се игра во Катар.

Тимот ќе биде засилен бидејќи право на настап на мечот во вторник ќе имаат Елиф Елмаз и Тихомир Костадинов.

„Ќе биде поразлично отколку со Италија, бидејќи мислам дека Португалија е индивидуално подобра од Италија. Сега се игра финале и знаат дека не смеат да не потценат, но ќе  сакаат да не потценат“, вели Елиф Елмаз.

Македонија до сега двапати се има соочено со Португалија, на едниот натпревар изгубивме со 1-0, на другиот изигравме реми 0-0.

Правдата во вторник во 20:45 часот ќе ја дели англискиот судија Ентони Тејлор.