Сите возила кои поминале на зелено светло и добиле казна од системот „Safe City“ на крстосницата кај „Илинден“ во Тетово, можат да се пријават во СВР Тетово за повторно разгледување на казната.
„Граѓаните кои остануваат на крстосницата откако влегле на зелено светло не треба да бидат санкционирани. Доколку, сепак, им е изречена казна, тие треба да се обратат во СВР Тетово за случајот да биде разгледан“, порача Мухамед Адеми.
За да се реши овој проблем, Општина Тетово одлучи да ги замени сите семафори на оваа крстосница со нови и модерни уреди. Распишан е тендер и избрана е компанијата која ќе постави нови семафори низ целиот град.
„Веќе ја избравме компанијата што ќе ја реализира инсталацијата на новите семафори и отстранувањето на постојните. Сите крстосници ќе бидат опремени со модерни семафори, а истовремено ќе се реши и проблематиката која се појави во близина на Медицинското училиште“, вели Биљал Касами.
Касами исто така изјави дека е неприфатливо предупредувачките табли за камерите да бидат поставени само на македонски јазик и побара тие да се заменат и да бидат поставени на два јазика, вклучително и на автопатот од Коридорот 8 на територијата на Општина Тетово.
