Традиционално, кнедлите се полнат со сливи, но подеднакво се добри и со чоколадо.
Состојки:
За тестото:
– 600 гр пире од компири
– 2 лажици путер
– 1 јајце
– 200 гр брашно
Полнење:
– чоколадни коцки или чоколаден намаз
Дополнително:
- трошки од леб
Подготовка:
Подгответе пире од компири. Во пирето додадете едно јајце, две лажици растопен путер и брашно, па направете компактно тесто.
Тестото треба да биде меко и не треба да го виткате.
Со лажица се зема тестото, се распоредува на дланка и се додава една коцка чоколадо или една лажичка чоколаден намаз. Направете топка.
Внимателно додадете ги кнедлите во зовриената и посолена вода. Штом испливаат на површината, извадете ги од водата.
На малку маснотии пропржете ги лебните трошки додека не добијат мирис и златна боја.
Кнедлите виткајте ги во презла и послужете.
