Слатка и сакана од многумина.
Состојки:
За тестото:
– 1 шолја вода
– 1 шолја брашно
- 3 јајца
– прстофат сол
– масло за пржење
За шербетот:
– 3 чаши шеќер
– 3 чаши вода
– сок од половина лимон
Подготовка:
Најпрво подгответе го шербетот со истурање на шеќер и вода во тенџере. Ставете го на шпорет и варете додека шеќерот целосно не се раствори. Додадете сок од лимон и варете уште неколку минути. Извадете го од шпоретот и оставете да се излади.
Истурете вода во друга тава и оставете да зоврие. Додадете прстофат сол и брашно. Интензивно мешајте додека смесата не се згусне и не почнат да се создаваат меурчиња.
Тргнете ја смесата од оган и оставете малку да се излади. Потоа додадете ги јајцата едно по едно и убаво измешајте да се соединат со смесата.
Истурете масло во тавата и загрејте го. Земете кеса со калап и наполнете ја со смесата. Смесата притиснете ја во тавата, правејќи топчиња долги околу пет сантиметри, пишува City Magazine.
Пржете ги лепчињата на врело масло додека не поруменат. Извадете ги од маслото и веднаш потопете ги во изладениот шербет.
Оставете ги лепчињата да седат во шербетот барем неколку часа пред да ги послужите за да го впијат целиот вкус.
Послужете го разладено.