Пита во која ќе уживате.
Состојки:
– 4 јајца
– 220 мл јогурт
– 120 мл масло
– 1 шолја брашно
– 1 шолја пченичен гриз
– 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка сол (или по вкус)
– 1/2 лажичка мелен пипер
– 1/2 тегла ситно сечкани кисели краставички
– 200 гр фета сирење издробено
- за посипување: семки по избор
- Шолјата е 2 дл
Подготовка:
Јајцата се матат додека не се запенат, па се додаваат маслото и јогуртот и се остава да отстојат. Потоа додадете ги сите останати наведени состојки и измешајте.
Покријте го плехот со хартија за печење, истурете ја смесата и посипете со семки. Ставете ја питата во рерна, па вклучете ја на 200-220 степени. Печете го убаво да порумени, 25 до 30 минути, советува Кристина Гашпар.
Забелешка:
Сами изберете ја големината, во зависност од тоа дали сакате погуста или потенка пита. Должината на печењето зависи од големината на плехот.