Одличен предлог за ручек.
Состојки:
– 150 гр кромид
– 2 чешниња лук
– 50 гр чадена сланина
– 150 гр тиквички
– 100 гр моркови
– 50 гр сирење
– 60 гр брашно
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– 1/2 дл масло
- 3 јајца
- сол и црн пипер
Подготовка:
Во тава пропржете ја сланината без додавање маснотии.
Во сад ставете ги кромидот, лукот, тиквичките, морковот и сланината. Додадете брашно измешано со прашок за пециво, јајца, сирење, масло, сол и бибер.
Сè убаво измешајте со лажица. Круг калап со пречник од 22 сантиметри намачкајте со путер и посипете со брашно.
Истурете ја смесата, израмнете и печете во загреана рерна на 180 степени 30 до 35 минути.