Ревизија на концептот за основно образование, за Јаневска е неостварлив, за Шаќири немаше проблеми

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерка за образование и наука, Весна Јаневска уште еднаш најави ревизија на концептот за основно образование за што ќе соработуваат со Бирото за развој на образованието. За министерката Јаневска, интеграцијата на предметите е проблематична, но сепак, не значи дека концептот не бил добар. Вели дека ревизијата треба да трае околу една година или повеќе.

Екс министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 коментирајќи ги најавите за ревизија, изјави дека е задоволен што новата министерка не го оспорува ниту концептот, ниту програмата, ниту содржината на програмата.

„Аспектот на програмата, аспектот на концептот, суштинскиот аспект на програмата и програмата за реформи не се оспорени, туку се оспорува имплементацијата на интеграцијата на предметите и начинот на нивна реализација. Би рекол ако предметот природни науки во седмо одделение, т.е сега повеќе се интегрираат бидејќи имавме помала интеграција во шесто и првпат треба да се интегрира во седмо одделение, министерката тој елемент го оспорува од причини за подготовки во училиштата“, рече Шаќири.

Екс министерот Шаќири, додаде дека во текот на реализацијата на програмата немало никаков проблем.

„Не сме имале никакви проблеми во реализацијата на концептот. Знаете дека заедно ги имавме сите предизвици и битки кои ги издржавме и продолживме. Од прво до шесто одделение, министерката потврди и дека учебниците се поделени во училиштата, како што кажав и претходно. Но, кога зборувам за предизвиците и борбите со новите програми, прифативме дека ќе имаме нови текстови, додека како што читав за седмо одделение, побарано е усогласовуање на старите програми со новите и да се работи со старите учебници, не правевме такво нешто во претходните години затоа што не сакавме да работиме со стари учебници а нова реформа, туку сакавме реформа каде што ќе работиме со нови текстови.“, рече Шаќири.

Во овој процес на ревизија треба да бидат вклучени практичарите, наставниците и родителите и да се бараат нивните искуства. Исто така, Министерството ќе одржува редовни средби со Бирото за развој на образованието. Јаневска од доаѓањето на функцијата најави и укинување на втората смена во училиште, односно да работи само прва смена. Таа увери дека со ова наставниците нема да останат без работа.