Ристески: Поддршка за секој закон што го штити здравјето на граѓаните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Треба да има поддршка за секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Во врска со најавениот закон против пушењето, Ристески појасни дека истиот е во надлежност на Министерството за здравство и најави дека ќе има средби со угостителите и засегнатите страни за нивно информирање.

„Сметам дека треба да има поддршка на секој закон што, пред сè, го штити здравјето на граѓаните и постепено законската регулатива да ја адаптираме и приспособуваме на европските законски регулативи“, рече Ристески.

Тој нагласи дека законската регулатива треба постепено да се усогласува со европските стандарди, со примарна цел заштита на јавното здравје.