Марјан Ристески од Конфедерацијата на Синдикални организации рече дека ќе има протести ако не биде повлечен Законот за извршување, и ако не ги прифатат забелешките од Синдикалните организации, ќе излезат на протести. Ристески надополнува дека сега се подготвени да одат до крај.
„Бараме да се повлече законот, тогаш ни оставаат простор за преговарање, ако не, тогаш одиме на протести. Бараме да не’ повикаат на средба и да ги кажеме нашите забелешки. Ако не, ќе бидеме приморани да правиме протести. Не е целта само да се протестира, туку да бидат успешни. Ете, на еден начин извршителите сфатиле, се надеваме дека ќе сфатат и адвокатите, нотарите… Но, и владата треба да сфати. Овојпат сме решени и какви потези ќе бидат повлечени, ќе бидете благовремено известени“, изјави Ристески.
