РК Алкалоид утре дебитира на меѓународна сцена – Лазаров: Ќе дадеме максимум на овој историски меч

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

РК Алкалоид утре ќе го има својот прв натпревар на меѓуинародна сцена, во натпреварувањата кои се во организација на ЕХФ. РК Алкалоид, во Лига Европа, ќе го пречека тимот на Војводина, шампион на Србија.

Предводникот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров е претпазлив и во исто време оптимист, пред мечот.

реклама

„Ова е историски натпревар за нашиот клуб. Ќе пробаме да бидеме компетитивни, конкурентини, да го дадеме нашиот максимум и достојно да се претставиме. Очекувам квалитетен натпревар, се надевам дека моите играчи ќе одговорат на притисокот. Моите играчи чувствуваат мала трема, но тоа е нормално и јас сум бил ракометар и знам како е тоа, но тоа е добар знак. Доколку бидеме на потребното ниво, мислам дека ќе имаме шанса да ја изненадиме Војводина. Меѓутоа ова е само почеток и се надевам дека ќе биде големо искуство за тоа што следува во иднина“, истакна Лазаров

Капитенот на дебитантот во европските натпреварувања, Игор Ѓоргиев вели дека се подготвени и мотивирани да почнат со победа.

реклама

„Како млада екипа која направи голем успех минатата сезона сега ни следува нов голем предизвик, Лигата на Европа. Таму за противник ја имаме Војводина која има голем број квалитетни играчи. Јас како капитен на екипата можам да кажам дека сме мотивирани и подготвени. За нас ова ќе биде големо искуство. Подгтовени сме и ја посакуваме победата. Сакам да ги поканам сите љубители на ракометот да ни дадат поддршка која што многу ќе ни значи утре“, изјави Ѓоргиев. 

Средбата Алкалоид – Војводина се игра утре од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама