РКЕ: Заедно со претседателот Бислимоски сме отворени за соработка, во конкретниот случај е постапено согласно Закон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се огласија и од Регулаторната комисија за енергетика, по повод поднесената кривична пријава против претседателот на инсистуцијата Марко Бислимоски, поради „Злоупотреба на службената положба и овластување“, односно поради тоа што не постапил навреме за постапка за одземање на лиценца за вршење енергетска дејност од правното лице Тритерол Петрол.

„Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција.

РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови  е постапено и за други компании баратели на лиценци.  

РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата.