Рочиште за случајот со родилката која остана без три органи при породување, сведочеше дежурната медицинска сестра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжи рочиштето за родилката од Дебар која во август 2020 година остана без три органи при породување.

Медицинската сестра, Сарита Пешиноска, како сведок раскажа дека родилката после породувањето се жалела на болки, но сакала да замине од болницата. Медицинската сестра раскажа дека дежурниот лекар, Лилјана Јованоска, не му дозволила, но го повикала првиот обвинет, Мухамед Асани и така родилката после анализите и огромните болки била однесена на операција, но немала детали за операцијата.

Оштетената Јилдиз Веапоска, рече дека сакала да замине од болницата за да побара помош во друга болница бидејќи почувствувала голема болка. Таа упати повик до Министерството за здравство за да им ги одземе лиценците на обвинетите лекари.

На следното рочиште ќе бидат сослушани експертите по судска медицина од Институтот за судска медицина. Според адвокатот на оштетената, тие ќе бидат клучни сведоци кои ќе ги објаснат дилемите во врска со операцијата.

Лекарот Мухамед Асани, е поранешен директор на Болницата во Струга, кој беше разрешен токму за овој случај. Второобвинет е неговиот син, Блертон Асани, како специјалист лекар по гинекологија, а трето обвинета е Лилјана Јовановска. Тие се обвинуваат за тежок криминал против здравјето на луѓето. При давање на лекарска помош примениле неприфатлива медицинска опрема и метода за лекување и поради тоа на родилката од Дебар му се влошила состојбата, при што таа остана без матка, бубрег и јајници. На првото рочиште обвинетите се изјаснија дека се невини за кривичното дело за кое се товарат.