7-годишната Нил Насуфоска е родена со церебрална парализа. Се оперирала во Скопје, но операцијата не ги дала очекуваните резултати. Нејзините родители, кои имаат уште две деца одгледани во тешки услови, копнеат и Нил да оздрави и да биде како нејзините браќа.
Таа израснала во овие услови, но тоа не е главниот проблем на нејзините родители. Се трудат да соберат пари и да ја однесат на операција во Турција, бидејќи се убедени дека сѐ уште има надеж.
Тој вели дека Нил е во ваква состојба уште од раѓање.
Таткото на Нил работи во Јавното претпријатие за државни патишта, но неговата плата не е доволна за условите кои треба да ги исполни Нил.
Раскажува дека една контрола во Скопје чини 9.000 денари, а кога ќе ја однесе во Охрид ја остава таму, но сепак мора да ѝ однесе јадење и пиење. Кога седеше во Охрид трошев по 1.000 евра за целиот период колку престојуваше таму на терапија, објаснува Рахим.
Тој апелира кој е во можност да им помогне за неговата ќерка да оздрави и да има нормален живот како сите деца.
Благодарение на хуманите луѓе изградена е куќа и наскоро се очекува семејството на Рахим да влезе во нов дом, но сепак, неговата најголема грижа останува лекувањето на неговата ќерка за, како што вели, да може да оди на училиште како сите нејзини врсници.
Жир-сметка за Македонија и странство:
- 250-0320004288-30 (Шпаркасе Банка)
- MK07250322220218933 (Шпаркасе Банка)
Телефон за контакт: 070 448-130
