Од граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска на прес конференција најавија организирање на мирен Марш во Скопје против дигитализацијата на учебниците, и против новиот Закон.
Од таму велат дека протести ќе има и во останатите градови низ Македонија.
„Ја покренуваме оваа иницијатива за стопирање на донесувањето на овој избрзан закон. Почнуваме со организирани и координирани мирни протести во сабота, 15 мај во 12:00 часот. Потоа, продолжуваме со поднесување на граѓанска иницијатива за задолжителен референдум против овој закон“, рекоа од граѓанската иницијатива.
Протестите низ градовите и маршот во Скопје ќе бидат организирани согласно протоколите за активности на отворен простор во услови на пандемија, додаваат од граѓанската иницијатива.
Ваквата одлука следува откако до крајот на вчерашниот ден, тие не добиле официјален одговор од Министерството за образование и наука по однос на нивните барања доставени и разговарани на работната средба одржана на 6 мај со претставници на МОН.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Не добиле одговор од МОН, родителите излегуваат на протести против дигитализација на учебниците
- МОН одговара на барањата на групата „Учебници и настава мора да има“ која се залага за поттикнување на учениците да ја бојкотираат наставата
