Романовце, воз удри во автомобил, двајца повредени – жителите бараат рампа, се закануваат со блокади на железничката пруга

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Овој автомобил беше удрен од воз во селото Романовце, Куманово.

Како последица на ударот две лица се повредени и се хоспитализирани.

„Имаме двајца повредени, дај Боже да се спасат. Вакви несреќи се случуваат секој ден. Доставувавме жалби, молби. Ни треба рампа, не сакаме камери. Им кажавме 100 пати. Никој не презема одговорност за оваа работа. Никој не се интересира за овој премин“, вели граѓанин.

Револтиран, граѓанинот вели дека надлежните поставиле камери, но според него, тоа не е решение.

„Поставија камери, работеле семафорите, како ни аргументираат дека работи тој семафор. Нам ни требаат рампи. Имаме деца кои одат на училиште, детето не го гледа возот. Јас сум против овие камери. Камерите ги поставија за да гледаат како не убива возот“.

„Веќе 5-6 лица се настрадани овде, кај рампата горе, тројца на едно место, долу едно, не знам, има повеќе. Овде пред 6 месеци еден настрада, на ова место, и никој не презеде мерки. Му кажувам и на градоначалникот на Романовце, ни тој не реагира, зошто, не знам. Државата не носи одлуки овде. Тогаш нека одлучат селаните, со блокирање на возот, само тоа ни останува“.

Граѓаните велат дека доколку не се преземат мерки тие утре ќе излезат на протест и ќе ја блокираа железничката пруга.

„Ова е последно, уште утре ќе зборуваме со градоначалникот, ќе добиеме одобрение од полицијата и ќе излеземе со блокади. Ќе ги поставиме овде тракторите и воз нема да помине од овде“.

Според кумановската полиција, несреќата е пријавена во 12.48 часот.

Инаку ова не е прв пат. Во Романовце неколку пати воз има удрено во автомобил, дури и со фатални последици.