Четири дена по својот 38 роденден, Кристијано РОНАЛДО постигна нов подвиг во фудбалската историја.
До неговиот четврти настап за Саудиска Ал Наср, тој постигна само еден гол, а потоа ги постигна сите четири во еден натпревар во победата од 4-0 против Ал Вехда.
Првиот гол беше негов 500. првенствен гол во кариерата.
Откако делумно покажа зошто Ал Наср му дава половина милијарда долари за две и пол години, Роналдо по обичај со себе ја понесе топката со која постигна хет-трик.
Сепак, Роналдо потоа го изведе она што ги изненади сите гледачи на натпреварот и го шокираше судијата Ал Харби.
Роналдо му пришол и го замолил да му се потпише на топката и да се фотографира со него. По необичното барање, судијата прво се изненади, а потоа се согласи на барањето на познатиот фудбалер.
